“Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и Торонто и одличниот прием од страна на светската критика и голем интерес за интернационална кино дистрибуција.

Во текот на месеците кои следат промоцијата на филмот низ светот ќе се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на редовно кино прикажување во многу земји.

Овој месец, “Најсреќниот човек на светот“ патува на пет фестивали нив целиот свет. Започнавме со ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Киев, Украина кое беше проследено со предавањето од страна на режисерот Теона С. Митевска. Полната сала во Киев, и крајно емотивната проекција на филмот во Киев проследена со звуци од сирени, зборува за значајноста на оваа приказна и овој филм кој крајно искрено говори за тешкотиите и можностите за помирувањето по воените разорувања, за длабоките траги и трауми кои остануваат врежани засекогаш кај сите оние зафатени од немилосрдниот виор на војната. – истакна Лабина Митевска

Од Киев, “Најсреќниот човек на светот“ продолжува во Хаифа – Филмскиот Фестивал во Израел од 8 до 17. октомври каде ќе биде прикажан во исклучителната силна главна конкуренција. Потоа патува во Бразил на Интернационалниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро кој започнува на 21. октомври. Во месец Октомври филмот ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Загреб, по што веднаш следува и кино дистрибуција на филмот во Хрватска.

Како што најавивме во Венеција, наскоро “Најсреќниот човек на светот“ го носиме и во Скопје. Македонската премиера на Националниот претставник за Оскар закажана е на 27. октомври во Кино Милениум. – додаде Лабина Митевска.

Турнејата на “Најсреќниот човек на светот“ за десеттиот месец ќе заврши во Словенија каде ќе се натпреварува за наградата Весна за малцински копродукции на Филмскиот фестивал во Ровињ.

Ви благодариме за соработката и интересот за филмот и пренесувањето на информациите до нашата културна јавност која секако се радува на овие успеси и признанија за нашата култура во светот.