Вчера во 15.57 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола–Прилеп, на излезот од Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен пикасо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.В.(44) од Прилеп и патничко возило „цитроен ц1“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(63) од Норвешка.

На местото на несреќата починале двајцата возачи, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Сопатничката од возилото „цитроен ц1“, А.Е.(48) од Норвешка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.