Во трагична сообраќајка загинаа неколку лица, најмладата жртва е 15-годишно девојче.

Сообраќајката се случила на автопатот Штип-Свети Николе кај Кадрифаково во 12 часот попладнево.

Учествувале две возила, а според информациите загинале девојче на возраст од 15 години и жена на возраст од шеесетина години.

Има повеќемина тешко повредени.

Сите со болнички возила на итната помош се пренесени во болницата во Штип.