Северна Македонија на листата од студијата на швајцарската компанија за управување со ризик Global Risk Profile (GRP) за 2021 година се позиционира на 85-тото место, што ја прави земја со најмалку корупција во регионот на Западен Балкан.

Следува Црна Гора на 89. место, потоа Србија на 92. место. На 122-рата позиција е Косово, Албанија на 125-тото место и Босна и Херцеговина на 131-вото место. 

Најмалку случаи на поткуп и корупција се откриени во Финска, покажува студијата на швајцарската компанија за 2021 година.

На второ место е Норвешка, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска и Шведска.

Глобалниот индекс ја рангира корупцијата според одредени критериуми, вклучително и перењето пари и финансирањето тероризам.

Во истражувањето се опфатени вкупно 196 земји, а на дното на листата, како земји со високо ниво на корупција се Северна Кореја, Сирија и Либија.