Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска при гостувањето во вестите на телевизија „Сител“ соопшти дека поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ државата останала без 100 милиони евра за спарвување со кризата.

ЕБРД го сопрела кредитот што требаше да го земе нашата држава за справување со енергетската криза во вредност од 100 милиони ерва, бидејќи законот не бил поминат во Собранието заради блокирање, бојкотирање, кочење од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека сите мерки се направени да им помогнат на ранливите категории на пензионерите, на работодавачите, работниците.

Мерките ќе влезат во некоја правна рамка само ако не се блокираат од опозицијата, порача Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во гостувањето во вестите на телевизија „Сител“