Лукаревска: Со „Викенд без ДДВ“ се олеснува куповната моќ на потрошувачите
Vestiplus.mk
+CentarБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Лукаревска: Со „Викенд без ДДВ“ се олеснува куповната моќ на потрошувачите

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска во гостувањето во „Топ тема“ кажа дека власта повторно би вовела „Викенд без ДДВ“.

-„Викенд без ДДВ“ имавме во 2020 година, а сега и е по барање и на опозицијата. Првично кога беше направивме таков викенд, солидно помина мерката и со неа овозможуваме да се олесни куповната моќ кај потрошувачите, рече Лукаревска.

Говорејќи за приходната страна на буџетот, таа кажа дека имале обврска од јануари до ноември 2022 година да се соберат 94,6 милијарди денари, а биле собрани 94,8 милијарди денари.

-Имаме стопроцентна реализација, рече Лукаревска, негирајќи дека даночата реформа ќе има главна улога врз приходната страна на буџетот. Директорката на УЈП вели дека главна цел на даночната реформа е намалување на сивата економија.

-Ако некоја од мерките од даночната рефора не ги дава резултатите ние веднаш ќе алармираме во Министерството за финансии. Такви бројки би знаеле кон март. На почеток на тековна година треба да се донесе даночна реформа, многу е посложено кога тоа е во тек на фискална година, истакна Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира...

Министерот Бочварски на средба со амбасадорот Ангелов: Остануваме посветени во изградбата и модернизацијата на Коридорот 8

Vesti +

Бајден предупреди: Подготвени сме да употребиме оружје на Тајван

Vesti +

Спасовски: СВР Скопје минатата година може да се пофали со заплена од рекордни 215 кг марихуана, а годинава дури 1,5 кг кокаин

Vesti +

Маричиќ: Ја совладуваме високата корупција и го подигаме стандардот во борбата

Vesti +

Пенов: Штетата од блокадите на Скопје е поголема од долгот што го бараат приватните превозници

Vesti +

Филиповски на МРТ: Потербна е реорганизација на општинската администрација во Аеродорм, таа треба да стане вистински сервис на граѓаните

В+