„При крајот на летото започна дебатата и разговорите со сите засегнати страни. Сите забелешки за даночната реформа се ставени на хартија и дел од нив се прифатени. Морам да напоменам дека ние ја зголемуваме даночната база, но не и даночните стапки“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека останува отврено прашањето за прогресивното оданочување, а најави дека се прави ревидирање на даночните ослободувања и олеснувања бидејќи во нашето опкружување, земјава има најголем број на даночни ослободување и олеснувања.

„Со даночната реформа сакаме онаму каде имаме дизбаланс да направиме неутрален момент. Да ги зајакнеме даночните услуги, ќе се ревидираат договорите за избегнување на двојно оданочување, ќе ја зајкенем борбата против сивата економија, се со цел да имаме транспарентен и стабилен даночен систем“ рече Лукаревска.

Директорката на УЈП додаде дека ќе се даде шанса и на зеленото, односно еколошко оданочување кое е популарно во сите европски земји.