„Сакаме и знаеме како да се справиме со корупцијата. Имаме скок на индексот на корупција што значи дека имаме конкретни политики и активности во борбата. Многу е важно да се направи разликата дека сега СДСМ не е судија, не е обвинител, туку има независни институции. Ако продолжиме вака секако дека ќе имаме резултати и дека ќе напредуваме и на скалата за корупција, но и ќе го подобруваме животот на граѓаните.“- изјави Сања Лукаревска, заменик претседателката на СДСМ, во интервју на телевизија Канал 5.

Во контекст на борбата против корупцијата таа го спомена проектот на УЈП против сивата економија.

„Стави боја на сивата економија е одличен проект, имаме стратегија и за даночната реформа, зборуваме за тоа што значи подобрување на системот и сузбивање на сивата економија. Сакаме транспарентен даночен систем, а борбата против сивата економија е присутна секојдневно. Имаме координиран пристап со други институции што е особено важно при вакви активности. Имавме контроли кон работодавачите кои немаат исплатено плати на работниците, пристапуваме кон присилна наплата, она што го имаме како законска надлежност. Ќе мораме во иднина да менуваме и закони за да се намалат малверзациите околу исплата на платите на работниците.“- изјави директорката на УЈП.