„Планот што го имаме за наплата за 2022 година е еномно висок, но споредено со 2019, 2020 и 2021 година имаме раст во приходите“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма.

Таа рече дека во 2022 година има повисока наплата дури и од предвидениот план и додаде дека очекува бројките да продолжат да се движат во позитивна насока.

Лукаревска изјави дека за месец февруари забележно е за 28,63 отсто поголем поврат на ДДВ во однос на истиот месец минатата година.

„Послаба наплата имаме само кај данокот на добивка, поради законските измени и олеснителни околности поради коронакризата. Тенденцијата не е по секоја цена да се врши наплата, туку да се овозможи доброволна наплата“ рече Лукаревска.