„Лидерската средба би требало да се посвети на прашања важни за граѓаните, како животниот стандард, меѓународните прашања, а не само да се зборува за предвремени избори. Следните парламентарни избори се во 2024 година, ние сега се сме во ситуација кога во светот има криза, и енергетска, и здравствена… Во едно вакво време не можеме да размислуваме на избори“- изјави заменичката претседател на СДСМ, Сања Лукаревска, во интервјуто на телвизија Канал 5.

„Имавме централни политики кои можеби не допреле до сите граѓани, затоа и имаме анализи за да се смениме, да поправиме некои грешки. Самата промена во врвот на партијата значи нова сила и нова енергија. Периодов избираме нови локални раководства на партијата и така ќе ја имплментираме владината програма, но ќе ги имплементираме проектите предвидени до 2024 година. Ги слушаме граѓаните, го слушаме членството и се надеваме дека имаме нова шанса која мораме да ја искористиме.“- дополни Лукаревска.