„Веројатно студентите памтат дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ тепаше студенти, а денес Владата на СДСМ им обезбеди 2400 денари месечно за студентски оброк“ кажа заменичката претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Крушево.

Таа кажа дека само со работа и со работа за добробитот на граѓаните се сака татковината.

„Од 2017 година решаваме проблеми, носиме државотворни одлуки и исправаме децениски неправди. Досега го решивме проблемот на 13 илјади стечајци, а со тоа ним им е вратено достоинството.“ кажа Лукаревска.

Таа додаде дека со новиот ребаланс на Буџетот, околу 2,7 милијарди евра се вложуваат во унапредувањето на човечкиот капитал, а со тоа ќе се овозможи економски раст и развој.

„Актуелен е предлогот за отпис на камати на долгови за физички лица.о 10 милиони евра ќе бидат отпишани камати на 150 илјади граѓани, што претставува помош и поддршка за нив. Со ТАФ програмата ќе се помогнат 94 проекти низ општините на државата со вкупна вредност од 49 милиони евра“ дополни Лукаревска.

Таа додаде дека Владата на СДСМ активно работи на подобрување на животниот стандард на луѓе преку зголемување на платите на работниците, во армијата, во полицијата, здравството и образованието.