„Обезбедивме доволно храна, струја и енергенси во пресрет на зимата. Следува тежок период но подготвени сме за сите предизвици“ изјави директорката на УЈП и заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за „24 инфо“.

Таа додаде дека партијата е посветена на успешно менаџирање со последиците од глобалната економска и енергетска криза, заштита на стандардот на граѓаните и помош за тие на кои им е најпотребна.

„После 17 години започнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски идентитет, како резултат на државничките политики токму на СДСМ. Сега е клучно да се заокружат сите процеси и да станеме полноправна членка на ЕУ“ рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ најави дека во наредниот период следуваат интензивни теренски активности на партијата, бидејќи таа е блика со граѓаните, ги слуша и им служи токму нив.