Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈА

Лукаревска на трибина во Крушево: Го живееме сонот на нашите претци, македонскиот јазик и идентитет се меѓународни потврдени

Денеска го живееме сонот на нашите претци, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, денеска живееме во почитувана, демократска држава, држава во која на пиедестал се човековите права, порача вечерва заменик претседателката Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Крушево.

– Да живееме слободно тоа значи да застанеме на патот на неправдите, на поделбите, на дискиминацијата. Ние тоа умешно го покажавме преку нашиот концепт „Едно општество за сите“. Тоа е нашиот приоритет и тоа општество е нашата иднина. Концептот едно општество за сите не значи само еднаквост по основ на верска и национална припадност. Во тоа општество фер шанса ќе има секој граѓанин, фер шанса за еднакво образование, за успешни економски процеси, фер шанса во здравството, фер шанса при вработување, едноставно еднаквост во сите сфери на општественото живеење, порача Лукаревска.

Лукаревска истакна дека покрај успесите на домашен план, Владата предводена од СДСМ успеа да ја реализира и стратешката цел – членство во НАТО.

– Станавме 30 земја членка на НАТО, денес со нашите сојузници и пријатели седиме на иста маса како Македонци кои зборуваат македонски јазик, како Македонци кои зборуваат македонски јазик, ќе влеземе и во ЕУ. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност се цврсто потврдени, заклучи заменик претседателката Лукаревска.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Ценовен шок во Србија: Струјата поскапува за 8 отсто, гасот за 11%

Агенцијата за енергетика го одобри поскапувањето на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година во соседна Србија, соопшти РТС. Од почетокот на 2023 година цената на киловат-час струја кај домаќинствата ќе биде повисока за 8 отсто, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек […] The post Ценовен шок во Србија: Струјата поскапува за 8 отсто, гасот за 11% appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ковачевски: Економијата е на добар пат, следната година ќе биде подобра

Мојата цел, целта на Владата што ја предводам е конечно да ја победиме кризата, да почнеме да растеме, да го зголемиме животниот стандард и следната година да биде подобра од оваа, порача претседателот Димитар Ковачевски вечерва во Велес пред граѓаните на трибината „Силно и одлучно кон иднината“. -Имаме добра основа... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Починаа 10 лица од кооронавирус, најмладиот имаше 32 години – Троцифрен број на новозаразени

В+

На сметките на овчарите и градинарите исплатени над 866 милиони денари за субвенции

В+

Приведено лице барано по централна потерница

В+

Британскиот астролог кој ја предвиде короната откри дали ќе има вакцина- открива што не чека во следните месеци

В+

193 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Vesti +

Еве кои се најздрави грицки во светот: Го забавуваат стареењето, а го забрзуваат метаболизмот

Vesti +