Поради западните санкции во Русија, зголемена е и побарувачката за кондоми. Русите стравуваат дека може да има недостиг на производот, како и дека неговата цена може да порасне.

Најголемата онлајн продавница во земјата, Wildberry, во споредба со минатата година, забележа скок во продажбата на кондоми за 170 отсто во првите две недели од март. Зголемување од 26 отсто бележи и синџирот аптеки 36,6, а пораст од 20 отсто забележаа супермаркетите.

Приливот на кондоми беше толку голем што Министерството за индустрија и трговија на Путин беше принудено да издаде соопштение во кое демантираше дека може да има проблеми со купувањето на кондоми.

Лудоста по кондоми се случува и покрај тоа што Рекит, британскиот производител на Дурекс, најави дека ќе продолжи да работи во Русија. Јесенија Самонина, сопственичка на секс-шоп во Русија, вели дека „луѓето купуваат залихи за иднината и покрај фактот што цените веќе мораа да растат“.

– Трошоците на потрошувачите се зголемени и до 50 отсто во зависност од брендот – додаде таа.

Инаку, Русија увезува 600 милиони кондоми годишно, а произведува 100 милиони. 95% од пазарот на кондоми во Русија е во сопственост на странски компании.