Лидерска средба е закажана за денеска во 12 часот во Собранието.

На средбата организирана од премиерот Димитар Ковачевски е најавено присуство и на Христијан Мицкоски лидер на ВМРО ДПМНЕ, како и на сите останати политички партии освен Левица.

Власта очекува да постигне консензус за европската иднина на државата и да обезбеди поддршка за иземни на Уставот, со оглед дека до овој момент, СДСМ и ДУИ заедно со сите останати албански политички партии располагаат со 74 гласови, или 6 пратеници помалку од неопходното дво третинско мнозинство.Покрај ова, власта утре пред парламентарите партии ќе го презентира и пакетот законски измени неопходни за заокружување на европската агенда, со цел да обезбеди поддршка за нивно донесување и од опозицијата.