Успешните политики во борбата против корупцијата беа препознаени и земјава има за 4 поени подобар индекс споредено со минатата година, со што земјава е меѓу државите кои најмногу напредувале на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернашнл

Заложбите на Владата за борбата против корупцијата конечно вродуваат со плод и Северна Македонија започнува да се искачува на индексот.

Северна Македонија сега се наоѓа на 87 позиција, што е голем скок од 111 позиција на која што се наоѓаше минатата година.

Од земјите од Западен Балкан, подобро од нас котира само Црна Гора, додека исто поени колку Северна Македонија има и Косово. Позади нас на листата се Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Во светски рамки, најголем раст бележи Ел Салвадор, со 5 поени, по што следува Северна Македонија, заедно со Сејшелите, Папуа Нова Гвинеја и Судан со раст од 4 поени. На листата први остануваат Данска и Нов Зеланд, а по нив следуваат Финска, Сингапур и Шведска.