Во текот на вчерашниот ден (03.01.2022) на територијата на СВР Штип спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 32 возачи, информираат од МВР Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Имено, овој возач се движел со дури 214 км на час на автопатот Штип-Миладиновци.При тоа 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 16 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.