Можеби ќе ве изненади одговорот што жените го даваат на прашањето дали би избрале добар или убав маж за врска.

Повеќето ќе кажат дека ги привлекуваат згодни мажи, но истражувањата покажуваат дека алтруизмот и љубезноста се најважните особини за жените кои бараат врска.

Едно истражување, спроведено во Канада, испитувало мажи кои биле прашани дали прават добри дела како што се помагање на другите и давање во добротворни цели. После тоа морале да одговараат на прашања за бројот на партнери и колку често водат љубов. Одговорите покажаа дека мажите кои правеле повеќе добри дела имаат повеќе партнерки и имаат поголема веројатност да имаат интимни врски. Од оние кои веќе биле во емотивни врски, „добрите“ мажи имале повеќе врски во последните 30 дена отколку помалку алтруистичките.

Во друга студија, учествувале 202 жени. Им беа понудени слики и описи на различни мажи. Некои беа многу привлечни, додека други беа претставени како добронамерни и подготвени да помогнат.

Жените избраа себични и атрактивни мажи за кратка авантура, додека за долготрајна врска сепак одбраа мажи алтруисти, без разлика на нивната привлечност.