Ако сте еден од оние кои се чувствуваат депресивно овие денови, што не е невообичаен проблем, време е да јадете почесто риба и морска храна, особено туна.

Новото истражување покажа дека рибите ја намалуваат депресијата за 25 проценти, но само кај жените. Научниците издвоија туна, и таа треба да биде на чинија најмалку двапати неделно.

Врз расположението на мажите, рибата, за жал, нема позитивен ефект. Една студија објавена во American Journal of Epidemiology вели дека омега-3 масните киселини имаат посебно влијание врз жените поради хормоните естроген и прогестерон, односно мозокот функционира подобро.
Рибата има позитивен ефект врз депресијата

Истражувачкиот институт Мензи во Австралија следеше 1.400 жени на возраст од 26 до 36 години, пет години. Забележувале што јаделе и како се чувствувале.

Дури и со фактори како што се пушењето, вишокот килограми, вежбањето, консумирањето алкохол, образованието и работниот статус, сепак се покажа дека рибата има позитивен ефект врз депресијата.