Секој што некогаш започнал со диета знае колку е тешко да се откажеме од слатките пороци.

Според неврологот Сузан Пирс Томпсон, не сте вие виновни, туку вашиот мозок.

„Кога јадеме премногу слатки, постои зголемување на инсулинот во нашите тела, што го блокира лептинот. Хормонот лептин му кажува на нашиот мозок дека сме јаделе доволно, што значи дека ќе продолжиме да јадеме постојано и со тоа ќе ја нарушиме исхраната “, вели др. Пирс.

Лекарката, исто така, забележува дека треба да бидеме свесни дека слатката храна стимулира поголемо лачење на допамин, и ако одлучиме да го намалиме внесот на бонбони, ние всушност се повеќе ќе копнееме по уште еден залак чоколадо, исто како зависник.

Сузан верува дека мора да се ослободиме од таквата храна од дома ако сакаме нашата диета да успее, а сето тоа може да се постигне со четири едноставни чекори.

1. Елиминирајте ја храната богата со шеќери

Лекарката смета дека ова правило е најважно од сите четири.
„Ако ги извадиме шеќерите од нашата равенка, мозокот и телото ќе можат да заздрават“, рече таа.

2. Намалете го внесот на брашно

Истото како и со шеќерот. Сузан го нарекува брашното „лукав заводник“.

3. Јадете само три оброци дневно (појадок, ручек, вечера)

„Откако ќе влезете во рутина да јадете три оброци дневно, нема многу да копнеете по брза храна, бидејќи ќе знаете кога доаѓа следниот оброк“, рече докторот.

4. Измерете ја храната

Таа препорачува мерење на храната пред оброците за да знаете што точно внесувате во вашето тело.