Франција ќе го напушти НАТО, нема да се потчиниме на американскиот протекторат, вели кандидатката за претседател Марин Ле Пен. Таа ја поддржува идејата за приближување кон Русија.

Ле Пен изјави дека нема да ги префрли француските војници во комбинирана команда на алијансата, ниту пак ќе бидат на располагање на идната европска команда, доколку стане претседател на Франција.

Европски медиуми пишуваат дека ако Ле Пен победи во Франција, тоа ќе ја скрши Европската унија(ЕУ).

Таа оди во вториот круг заедно со актуелниот претседател Емануел Макрон.

Макрон во првиот круг од изборите, освои 27,42 отсто од гласовите, додека кандидатката на крајната десница за претседателка, Марин Ле Пен, доби поддршка од 25,01 отсто од гласачите.

Двајцата кандидати ќе ги одмерат силите во вториот круг од претседателските избори, закажан за 24 април.