Одговорното настапување, укажувањето почит кон политичкиот противник и давањето внимателно избрани изјави поткрепени со факти на синоќешниот дуел потврдија дека премиерот Зоран Заев има план за иднината, додека пак анкетите покажуваат дека граѓаните знаат тоа да го препознаат.

Од другата страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се покажа како политичар кој има една и единствена цел, а тоа е доаѓањето на власт без разлика на цената која треба да ја плати при тоа оставајќи впечаток дека личната и партиската цел му се приоритетни.

Обидите за злоупотреба на трагедијата во Тетово за политички цели, што тој и неговата партија ги прават изминативе денови кулминираше синоќа. Тоа дополнето со навивачкото однесување и манипулациите, покажаа дека за остварување на целта да дојдат на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на радикални постапки.

Атмосферата веројатно беше подгреана и од анкетата на „Брима“ која беше објавена вчера, во која уште еднаш се потврди дека граѓаните имаат доверба во Владата и во политиките на СДСМ и Заев. Таквите бројки очигледно не му се допаднаа на Мицкоски, па обвинуваше за наместени и платени анкети. Но, и овој напад, како и многу други искажани во дуелот, беа спречени од аргументите на Заев. Мицкоски беше ставен во тесно кога правеше обиди да пласира лажни вести, нешто кое произлегува од ВМРО ДПМНЕ, а е потврдено и од Брисел. Но, лажните вести лесно се пласираат преку свои медиуми за да се манипулираат граѓаните, но кога отспротива има некој да ве соочи со вистината, тогаш таквите вести остануваат само карактеристика на тој што ги кажува.

Премиерот Заев со емпатија и одмерени изјави укажа почит кон политичкиот противник и му подаде рака за фер и демократски избори, но и соработка за доброто на граѓаните и подобра иднина за сите.