– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје, соопшти МВР.

– Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен, велат од полицијата.

Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

– Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти, соопштија институциите.