„Бизнисмените веќе 5-6 години наназад зборуваат дека треба да се остави простор економијата да го трасира патот за подобра иднина на двата народа. Досега не не слушаа, но сега се менуваат работите“ кажа претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров во вестите на Сител.

Тој додаде дека стопанствениците имаат цел список на проекти кои треба да се реализираат со цел подобро поврзување на двете земји, но очигледно е дека досега немало интерес од двете страни.

„Од двете страни не се преземаа мерки за инфраструктурно поврзување. Приоритетите ниту на Македонија, ниту на Бугарија не биле тоа. Причина за тоа е што се оставаше политиката да го диктира бизнисот, а сега тргнуваме на обратен начин“ кажа Лазаров.

Тој додаде дека Бугарија е шестти трговски партнер на Северна Македонија, со трговска размена од околу 5 проценти.