„Кажувате да стигнат до парче леб-вие кажувавте дека нема да има храна на рафтовите, а не дека ќе стигне до поскап леб, вие кажувавте дека нема да има струја, а не дека ќе има 80 отсто субвенции од државата. Спомнавте негативни политики, пописот е негативна политика? Да се знае колку луѓе живеат тука, да може да се предвидат политиките и ние и вие што ги предвидуваме во програмите.

Имате 250 ботови на твитер, да не ви ги читам, таа ексел табела која некој ја креирал и поради некои односи сега сметал дека треба да ја сподели со јавноста, истите тие, ќе кажете не се креирани од нас. На истите тие профили погледнете, 61 за влада без една националност и тоа со зборот со кои не сакаат така да се нарекуваат. Сакате да кажете дека има 250 луѓе кои не знаеме кои се и шеруваат и пишуваат статуси со говор на омраза на твитер,“ постави прашање Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ, до портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ , Марија Митева во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.