-Ние сме постојано во комуникација со пратениците кои го поддржуваат демократскиот блок и патот кон ЕУ, добрососедските односи и кои сакаат државата да продолжи напред, рече Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5.

-Не убаво да се види на фотографија каде беа седнати претставници на партии со различни, некои како Левица кои се против НАТО, кои се против Преспанскиот договор и тоа е слика на луѓе желни за власт, токму затоа оставките на премиерот Зоран Заев беа одложени за да се стабилизира мнозинството и да се продолжи патот на развој на државата, додаде Кузеска.

Таа појасни дека не било логично пратениците на СДСМ да влезат во салата кога опозицијата најавила рушење на Владата

-Не влеговме во Собранието во салата по одлука на партијата на седница на која Мицкоски најави дека има мнозинство и дека ќе ја руши Владата, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои не влегуваа да гласаат за пакет мерки за помош на граѓаните кои тогаш и се потпишуваа и земаа дневници, појасни Кузеска.