Сировото мелено месо може да се чува во фрижидер најмногу два дена, по што треба да се готви или замрзне. Најдобро би било да го чувате на најниската полица каде што е најладно и каде соковите не можат да контаминираат друга храна.

Ако веќе сте го подготвиле, готовиот сад со мелено месо може да се чува три до четири дена во фрижидер, тврди американското Министерство за земјоделство.

Иако побавно, и во него се развиваат бактерии. Затоа замрзнувачот е најдобрата опција – таму може да остане три до четири месеци ако е сирово, додека рокот на траење на готовото е два до три месеци.

Можете да го чувате во оригиналното пакување до две недели, по што би било добро пакувањето да го завиткате со најлонска фолија за да не навлезе воздух.