Дваесет и деветгодишна родилка од Куманово почина од компликации на ковид-19. Неколку дена била во тешка здравствена состојба, а последните три дена била хоспитализирана на Инфективната клиника, објави „360 степени.мк”

Таа претходно се породила во седмиот месец од бременоста и бебето е во инкубатор.

Од Министерството за здравство за интернет порталот потврдиле дека родилката починала и велат дека таа била во тешка здравствена состојба како последица на коронавирусот.