Граѓаните на Куманово со остри критики по одлуката на актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, да го сврти грбот на партијата и поддржувачите и на престојните локални избори да настапи самостојно.

„Додека беше градоначалник тогаш ок ти беше партијата, сега наеднаш не чини“, „Абе Максим нема веројатно како Ѕинго вечно да владееш, има и други паметни, школовани, добри“, „И тебе ти мрдаше опашката, не мислеше дека ќе дојде и овој момент кога ќе бараш втора шанса“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи под изјавата на Димитриевски дека е исклучен од партијата со шверцерска одлука.

Тој во неговата изјава вели дека СДСМ била узурпирана од неколкумина кои прават свои интриги и манипулации, меѓутоа тоа доаѓа откако партиајта не го поддржа за втор мандат. Граѓаните прашуваат доколку Димитриевски сметаше дека нешто не е во ред со партијата, зошто молчеше досега и го помина целиот мандат како дел од партијата? Дали откако почувствувал дека нема да биде кандидат го сменил ставот за партијата и дали истото ќе го мислеше доколку беше кандидат на СДСМ?

Димитриевски со чекорот што го направи и објавувањето на независната кандидатура го прекрши Статутот на партијата и самиот се исклучи од СДСМ. Тој истовремено ги изневери неговите поддржувачи и им сврте грб на граѓаните кои му ја додоа довербата и сврте грб на СДСМ.