Бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук во објава на Твитер порача дека Македонците не треба да стравуваат за својот идентитет и дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Северна Македонија можат да го псотигнат.

„До сите мои пријатели во Северна Македонија, сакам да знаете дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Северна Македонија можат да го постигнат и ве уверувам дека во 21иот век ничиј идентитет не може да биде загрозен. Најдобриот начин да го заштитите и задржите е внатре во ЕУ каде сите се еднакви.“ порача Ќучук во својата објава.