На 11.03.2022 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.Н. (25) и М.Н (29) и двајцата од Дебар, инаку сопруг и сопруга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик на Р.С.Македонија. Според пријавеното, малолетното дето било изложено на питачење и физичко насилство. Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.