СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Е.М.(26) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, предвидено и казниво по чл.230 ст.3 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2022 година во Скопје, на подрачјето на Општина Гази Баба, вршел откуп на старо железо, метални производи и слични предмети на импровизирано откупно место – отпад за откуп на секундарни суровини, без означена фирма.

Притоа, Е.М. немал основано правно лице и не поседувал соодветна дозвола за вршење на дејност – трговија со неопасен отпад, согласно чл.32 ст.1 од Законот за управување со отпад.