Русија соопшти дека идејата Киев да ги стави условите за мировен договор на референдум само ќе им наштетат на преговорите. Мировните преговори меѓу двете земји се водат речиси еден месец.

„Убедени сме дека поставување на услов од преговорите пред јавноста во моментов може да ги поткопа преговорите кои се движат бавно и имаат помал ефект од тоа што сакаме“, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Укранскот претседател Володимир Зеленски претходно порача дека мировните услови мора да одат на референдум за народот да го каже последниот збор.