Тргнаа предизборните каравни во кои кандидатите ветуваат се и сешто во обид да ги придобијат гласачите да гласаат за нив. Деновиве во јавноста е актуелна идејата за бесплатен јавен првоз од кандидатката за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска, за која таа на прес конференција на 29 септември изјави дека овој проект е реализиран во 67 држави низ Европа.

-Ваквото тврдење не ја поминува ни основната проверка на фактите затоа што бројот на суверени држави во Европа е 44 според информациите на ОН, односно 51 држава со оние кои не се членки на ОН, сметано со последната признаена држава Косово. Што значи нејзинотот тврдење не е ниту математички точно, а тоа се проекти кои функционираат во одредени градови, а не во цели држави, вели Петрит Сарачин во  емисијата„Кратки нозе“ на Цивил медиа, каде се разоткриваат дезинформациите со факти и аргументи.

Според Цивил медиа, за жал по невистините и изнесените дезинформации станаа препознатливи предизборните ветувања во нашата држава, затоа граѓаните треба да бидат внимателни и да бараат реална и остварлива понуда за да не се најдат во ситуација во која ќе им бидат изневерени очекувањата.