Ковид-19 се шири низ градинките – вработена во градинка во Кочани и негувателка во Куманово позитивни
Vestiplus.mk
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковид-19 се шири низ градинките – вработена во градинка во Кочани и негувателка во Куманово позитивни

Два нови случаи на заразени вработени во градинки. Нов случај е регистриран во градинка во Кочани каде коронавирусот е потврден кај психолог во установата, јавува Сител.

Ковид-19 е потврден и кај негувателка во кумановска градинка.

Сител јавува дека информациите се потврдени и од Министерството за труд и социјална политика од каде велат дека и во двете установи постапиле согласно насоките од Центрите за јавно здравје. Во изолација се испратени контактите на двете заразени.

Во изминатите денови откако градинките почнаа со работа на 9 септември потвдени беа случаи со Ковид-19 кај вработени во повеќе градинки ширум земјата. Но, заразени се и деца кои ги посетуваат детските установи.

Три случаи беа потврдени во струмичка градинка каде децата се заразиле меѓу себе, а едно дете со позитивен тест на корона има и во скопска градинка во групата јасли.

 

Можеби ќе ве интересира...

Приведено лице од Гостиварско за издржување затворска казна

Vesti +

Заев: Слобода е, го слушаме народот и се корегираме

Vesti +

НУРЕДИНИ: Од денес започнува изградбата на канализационата мрежа во Камењане

Vesti +

Во Битола приведени две лица за доиздржување на затворските казни

Vesti +

Синоптичарите излегоа со денешната прогноза: Какво време да очекуваме денеска?

Vesti +

Лимонот прави ЧУДА: Со помош на ова овошје можете да ја исчистите МАШИНАТА за садови

Vesti +