„Процесот на започнување на преговорите со ЕУ траеше долго. Оттука, не штедиме напори да ги забрзаме разговорите со Бугарија. Кај нас постои консензус за евро-атлантските интеграции“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Ла Либре.

Тој додаде дека отпочнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија ќе има ефект за да ги повлече и другите земји од регионот напред и да ги мотивира да ги забрзаат нивните напори за отворање или продолжување на пристапните преговори.

Премиерот Ковачевски истакна дека се работи посветено на разговорите со Бугарија и дека решението кое ќе биде постигнато треба да биде засновано на меѓусебно почитување и на европските вредности.

„Ова решение треба да резултира со укинувањето на ветото на Бугарија и да послужи како основа за добра соработка меѓу нашите две земји“ кажа Ковачевски.