Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во вечерашното телевизиско интервју зборуваше и за фокусот на Владата на економијата и на потребите на граѓаните, во услови на најголемата светска економска и енергетска криза.

„Владата носеше мерки во делот прво на замрзнување на цените на основните прехранбени производи, тоа за сите граѓани, кога сите убедуваа дека не може да има леб за 33 денари – Владата докажа дека може да има, потоа истото го направи на млечните производи, во делот на основните прехранбени производи, тестенини и така натаму“, порача премиерот Ковачевски, кој посочи дека инфлацијата којашто секаде во светот расте, во нашата држава „инфлацијата е намалена за 7 проценти.

Дополнително да не заборавиме во текот на целата година Владата субвенционираше 80% од цената на електрична енергија која што ја добиваат граѓаните, додаде премиерот.

„Имаме 50 проценти зголемено производство и 100 проценти домашна електрична енергија за потребите на граѓаните и за потребите на малите потрошувачи, тоа се 72 илјади компании кои што вработуваат 98% од работниците“, посочи премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, потсети и дека во текот на ова енергетска криза и во текот на корона кризата, овозможени се низа на пакети мерки, финансиска помош за граѓаните.
„Она што јас го кажав на почетокот на ова криза е дека никој нема да биде оставен сам, бидејќи ова е време на солидарност и ова е време кога треба да се помага на оние кои имаат најмалку во општеството и затоа имавме пакет на антикризни мерки од 760 милиони евра“, додаде премиерот Ковачевски.

Имаме најголемо ниво на странски директни инвестиции откако постоиме, најголем број на вработени во странските зони, најголема поддршка на компаниите за поддршка на инвестициите во државата, 410 компании беа поддржани во време на најголема економска криза, рече премиерот Ковачевски и нагласи дека инвестициите во 2022 година, од 465 милиони евра се двојно повеќе од инвестициите во 2014 година.

„Еврообврзницата којашто беше земена, таа што сега ја издадовме од половина милијарда евра е за враќање на еврообврзницата издадена во времето на последната влада на ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе ја вратиме еврообврзницата која доспева во јули и долгот ќе се намали. Таа обврзница којашто тогаш е земена е за Скопје 2014-та. Јас минатиот месец пуштив во употреба социјална зграда со 312 станови во Бутел, 10 милиони евра, а тоа се четири лава од нивната Влада“, рече премиерот Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју за Канал 5 ТВ.