Ковачевски за „360 степени“: На државата и треба здружување на прогресивните сили за пристапување во ЕУ
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски за „360 степени“: На државата и треба здружување на прогресивните сили за пристапување во ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во телевизиското интервју за емисијата „360 степени“ повика на консензус за реализација на стратешката цел на Република Северна Македонија – членство во Европската Унија.

„Ова не е процес на еден човек, една политичка партија, или една Влада. Ова е процес којшто секоја држава го поминува еднаш и завршува со членство во Европската Унија и сите тие политички партии имаат одговорност во градењето консензус за влегување во Европската Унија“, одговори премиерот Ковачевски на прашањето околу донесувањето уставни измени во Парламентот.

Премиерот Ковачевски го посочи примерот со хрватскиот устав кадешто се вклучени 24 народи, што, како што рече, само ја згоемуваат цврстината на хрватското општество и ги соопшти очекувањата околу процедурата за којашто би се спровела во Собранието.

„Прво мора да се напишат амандманите, за да можат граѓаните да се уверуват за што се работи. За тоа се потребни експерти, да бидат ангажирани во текот на летниот период, кои ќе ги напишат амандманите, во однос на внесувањето на други граѓани кои се самоопределуваат различно од оние кои веќе се запишани во Уставот, Хрватите, Црногорците, Бугарите, меѓутоа исто така интерес изразија – и тоа е добро според мене и Евреите и Торбешите, Еѓипќаните, коишто се дел тука од нас“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски нагласи дека концепотот за кој тој се залага е концепт е за европска Македонија, односно за придвижување на нашата држава во семејството на европските држави, затоа што сегашните и идните генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа дома во родната држава, а не во туѓина.

„Постојат низа објаснувања и низа на причини зошто ни е потребно зачленувањето во Европската Унија. И еве ќе ви дадам една споредба, само нашите граѓани веќе почнуваат да заминуваат на работа во Чешка, Словачка, Полска, што не било замисливо порано, бидејќи ние сме имале повисок стандард од нив. Но, самото членство на овие држави во ЕУ, го издигна животниот стандард на неколку ката повисоко, во однос на тоа што го имале.

Нашите граѓани заслужуваат, ние треба да носиме одлуки, токму заради иднината на сегашните и идните генерации“, повика премиерот Ковачевски.

Тој во телевизиското интервју за Алсат-М посочи дека од другата страна на концентот за европска Македонија е концепт за изолација, со популистичка и потпалувачка реторика, на опозициската партија Левица, којашто дури заговара евро-азиска унија за државата, на којашто е заложник опозициската ВМРО – ДПМНЕ, којашто нема став по прашањето.

„Јас сметам дека на нашата држава и треба, и во октомври го имам кажано, и треба окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии коишто се за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија“, порача премиерот Ковачевски во вечерашното интервју на „360 степени“ за телевизијата Алсат-М.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Земјотрес од 3 степени го погоди регионот на Штип

Рано утрово околу 2.40 минути во епицентралното подрачје Свети Николе-Штип бил почувствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот бил на пет километра северно од Штип, на длабочина од 5 километри, објави ЕМСЦ. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, потресот бил почувствуван од населението во Штип... Прочитај повеќе...

Остин: Украина ќе има добри шанси за успех

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин смета дека Украина има многу добри шанси да започне успешна контраофанзива во пролетта оваа година поради значителното исцрпување на руските сили и западното оружје, пишува Украинска Правда. – Мислам дека напролет ќе видиме интензивирање на непријателствата бидејќи се подобруваат условите за маневрирање и врз... Прочитај повеќе...

Поранешниот американски потпретседател мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол на 6 јануари

Пред големата порота за разговорите, федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи за разговорите што ги имал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Судијата во одлуката рече дека Пенс сепак може да одбие да одговори на... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Објавен јавен повик за организирање на локални манифестации и саеми

Vesti +

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

Vesti +

Големо поскапување на бензинот од ноќеска

Vesti +

Страшна вест за Русија: „Царот на Кремљ“ загуби?

Vesti +

НОРМАЛНО НИВО НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА: Вредностите се менуваат со возраста, а во овој случај КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ЛЕКАР

Vesti +

Град Скопје: Во среда ќе се прска против ларви од комарци

Vesti +