Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Попладнево со претседателот на Србија, Вучиќ и со премиерот на Албанија, Рама имавме многу значаен онлајн состанок за идните чекори од нашата заедничка, препознаена и успешна иницијатива Отворен Балкан.

Договоривме дека следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи првата половина од јуни во Охрид, а на почетокот од септември заедно ќе организираме голем туристички саем на вино и храна во Србија. Уверен сум дека македонските производители на вино и храна ќе имаат што да му покажат на регионот.

На самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата и затоа на овој состанок беа присутни и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Отворен Балкан иницијативата останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Заедно сме Европа.