Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски во Солун на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација во чиј состав се Бојан Маричиќ, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања и Бујар Османи, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија на Самитот на шефови на држави и влади на земјите-членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој денес се одржува во Солун, Грција.

Премиерот Ковачевски, ќе има свое обраќање на Самитот, заедно со колегите од Југоисточна Европа, членови на процесот. Самитот со кој ќе претседава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, предвидено е да започне во 17:40 часот. На Самитот присуствуваат германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и други високи претставници што е показател за важноста на овој Самит.

На Самитот предвидено е да се дискутира и за Декларација во чиј фокус е енергетската стабилност, безбедноста, поврзување за економски развој како и спроведување на зелената агенда.

Можеби ќе ве интересира...

Од први декември една ќеса ќе чини 15 денари

В+

Метеоцентар: Доаѓаат обилни врнежи од дожд во Македонија, подгответе се за невреме

В+

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ шири паника дека нема гориво, исто како што ширеше паника и за пченицата

В+

Русија најави жесток одговор на западните санкции

В+

Невреме низ Македонија – какво време да очекуваме деновиве?

Vesti +

Приведени двајца разбојници во кумановско, следува соодветна пријава

Vesti +