Има јавни претпријатија во кои членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседателот на државата, а се претпријатија кои креираат загуби, пишува премиерот Димитар Ковачевски вечерва на социјалната мрежа Фејсбук.

Ковачевски потенцира дека повеќе од 20 или 30 години никој не се зафатил, како што вели, за тоа да го промени и затоа во наредните шест месеци ќе се работи на нов Закон за плати.

„Мора да имаме ефикасна држава во која што приватниот сектор и граѓаните ќе ги добиваат најдобрите услуги од јавниот сектор кој ќе биде способен и продуктивен“, се додава во објавата на премиерот.