Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година.

Обезбедени се:
76 милиони евра за нови антикризни мерки
➡ 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна.
➡ Зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата
➡ Повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери
➡ Субвенции за земјоделците
➡ Средства за развојни проекти

Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво.