„Поголемите предизвици кои стојат пред нас, се економски. Поради воените дејствија на Русија против Украина, глобалната енергетска и економска криза сега се продлабочува. Нѐ очекува неизвесна година каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Би сакал да ве уверам дека Владата одблиску ги следи промените во светските економски текови и како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.“- рече премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање.

„Досега, преку правилно поставената стратегија во оваа исклучително кризна година, ние како Влада инсистиравме и овозможивме сите ресурси и енергија да се насочат кон справувањето со кризата и економска поддршка за граѓаните и стопанството. Ги покачивме платите, ќе се покачат пензиите и финансиски ги поддржуваме компаниите. Така ќе продолжиме и понатаму. Глобалните пазари се најпогодени од руско-украинската војна, а нашата изложеност кон овие две економии е мала. Нема присуство во финансискиот сектор, а странските инвестиции се под 1% од вкупните вредности.“- дополни Ковачевски.