„Сите активности доколку ги видите од почетокот на мандатот на оваа Влада кои се три недели и сите одлуки кои се носат практично се реализација на оние ветувања кои се даваа на гласањето на Владата. Во однос на електричната енергија ние уште во јуни минатата година следејќи ги трендовите на зголемувањето на цената направивме намалување на ДДВ за електричната енергија од 18 на 5% и при правењето на буџетот за 2022 година се оствари резерва за криза која резерва денес се користи за поддршка на електро енергетскиот систем и за спречување на ценовен шок кон граѓаните. Тоа го направивме и Северна Македонија има најмала цена на електрична енергија во однос на земјите од регионот и пошироко што се должи на мерките кои ги направи владата и исто така направивме активности во однос на снабдувањето на топлинска енергија во Скопје бидејќи и тоа беше загрозено и тоа на правиот ден од стапувањето на работа на оваа влада, тогаш се донесоа сите потребни одлуки и ние имаме непречено снадбување и со топлинска енергија во Скопје.“- изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за вестите на Сител.