На трибината во Струмица претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пред граѓаните ја сподели тимската визија на која интензивно се работи со цел градење на модерна европска држава на среќни и богати граѓани.

„Северна Македонија треба да биде држава на странски директни инвестиции со нови технологии, со нови добро платени работни места, енергетски независна држава со инвестиции во обновливи извори на енергија.

Оваа визија можам да ја остварам само со ваша поддршка. Со силен ангажман не секој присутен во оваа сала, но и на оние надвор од неа.

Затоа ве повикувам на акција. Потребна ми е поддршката од секој од вас за да продолжиме напред, за државата да оди напред, за младите да ни останат овде, овде да градат иднина.“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека коалицијата на СДСМ ќе биде победничка коалиција и на изборите во 2024 година.