„Секој пратеник слободно гласаше за заклучоците за почетокот на преговорите со ЕУ, истото треба да биде и со уставните измени. Се работи за вклучување на дополнително делови од други народи во преамбулата на Уставот. Пратениците кои сега се против ќе ги убедуваме со аргументи“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека секој пратеник, без разлика на неговата политичка, верска и етничка припадност има обврска да носи одлуки што значат подобра иднина за оваа и идните генерации.

„Што побрзото пристапување во ЕУ ќе значи и побрз економски развој, повеќе социјална права и развој на сите сегменти во општеството по примерот на европските држави“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека верува оти овој собраниски состав, кој ги претставува граѓаните, ќе ги поддржат уставните измени и во следните фази ќе ги поддржи и останатите законски и уставни измени на патот кон ЕУ.