Денешниот чин, е почеток на сериозен стратешки и државнички подвиг, чија придобивка и благодет ќе ја гледаат сегашните и идните генерации на нашата земјата но и на двете наши соседни земји кон исток и кон запад кои ги поврзува Коридор 8, и на сите кои ќе минуваат низ него, рече премиерот Димитар Ковачевски на поставувањето камен-темелник за Коридор 8.

-Оваа Влада, со години докажува дека се грижи за остварување на големите стратешки прашања за државата, без разлика дали тие се внатрешни или надворешни прашања. Без разлика дали говориме за НАТО или говориме за ЕУ, или говориме за инвестициите во гасоводи, автопати, ветерници и сончеви централи, токму нашите остварувања докажуваат дека работиме за интересите на сите граѓани, а најмногу во интерес на идните генерации кои ќе имаат подобар живот со овие наши чекор, одлуки и инвестиции. Бидејќи од изградбата на автопат или сончева, ветерна, биогас централа, или било кој енергетски обејкт целосна придобивка ќе видат генерациите кои утре нема да бидат ограничени од вакви предизвици како ние денеска ги совладуваме, и ќе се фокусираат на напредните достигнувања на технологијата и бизнисот, истакна Ковачевски.

Според него во тоа се гледа државничкото постапување сите овие години.

-Во преземањето храбри одлуки кои утре ќе го направат животот подобар на сите граѓани без разлика на тоа дали тие достигнувања се случиле во еден мандат. Ние не сме тие кои ќе калкулираат со ситни политички поени, туку сме тие кои ги решаваат крупните прашања наплатени со децении, без партиски калкулации туку за јавен интерес, додаде премиерот.