Vestiplus.mk
+CentarВо тренд...МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Реконструкцијата на патот до Лесново е од витално значење за Општина Пробиштип и за развој на туризмот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министрите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Благој Бочварски и Љупчо Николовски и градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов, денеска беа во увид на градежните работи на регионалниот пат Пробиштип- Лесново. Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

„Во полн ек е сезоната на градежни работи на патната инфраструктура низ целата земја.

Пред десеттина дена бевме на увид во работите во западниот дел од земјата, а еве не денеска овде на истокот на увидот во работите на регионалниот пат Пробиштип-Лесново.

На мое големо задоволство денес тука го гледаме остварувањето на ветеното и планираното. Да се гради и поврзува, инфраструктурно да се осовременуваат патните правци со цел подобрување на секојдневниот живот на граѓаните е високо на листата на приоритети на оваа Влада.

Денеска направивме увид во прогресот на рехабилитацијата на овој регионален правец. Се обновува патната делница од Пробиштип до Лесново во должина од 3,4 километри.

По направената подготовка за проширување и поставувањето инсталациите за одводнување, сега е во тек асфалтирањето до влезот на манастирот Лесново. Со оваа рехабилитација Лесновскиот манастир, познатите вулканските карпи, пештерите и другите природни убавини и реткости ќе станат подостапни за посетителите.

Заедно со велосипедизмот и планинарењето, во овој крај има огромен потенцијал за развој на туризмот. Реконструкцијата на овој пат е од витално значење не само за Општина Пробиштип, туку и за развој на регионалниот туризам. Лесново привлекува голем број на туристи, а реконструкцијата значително ќе придонесе за подобри услови и дополнителен развој.

Владата е посветена на изградба на модерна и безбедна патна инфраструктура и реконструкција на огромен број патни правци во државата. Северна Македонија се гради и поврзува, се градат нови, а истовремено се обновуваат старите патишта кои со децении беа заборавени. Од 2017 година досега изградени и обновени се над 1000 километри патишта. Инвестирано е повеќе од една милијарда евра во изградба и модернизација на патната мрежа во земјава.

Грижата за потребите на граѓаните на локално ниво е особено важна за оваа Влада. Затоа, преку повеќе различни програми и проекти кои се во различни фази на изработка, инвестираме над 250 милиони евра во поддршка на општините и подобрување на условите во локалните заедници. Тоа се иновативни проекти, проекти кои ја подобруваат енергетската ефикасност, условите за работа на здравствените објекти, проекти за изградба на подобра инфраструктура за водоснабдување и пречистителни станици, но и за поврзување на локалните патишта со што се олеснува патувањето, транспортот и секојдневниот живот на граѓаните.

Знаеме дека развиената патна инфраструктура е од суштинско значење за развој на економијата и затоа и во услови на најголема криза ние инвестираме во овие проекти. Тоа се инвестиции за безбедно патување, за ефикасно поврзување и транспортирање на производите на компаниите за економски развој на земјата“, изјави Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира...

Спасовски: Подобар стандард и грижа за граѓаните се нашиот приоритет

В+

Сончево и топло време со мала до умерена облачност

В+

Приведен разбојник во Скопје, следува кривична пријава

Vesti +

Нови цени на горивата од полноќ

В+

Сараево погодено од големо невреме

В+

(Видео) Талевски: ВМРО-ДПМНЕ е против тутунарите, блокира закон за субвенции

В+