Опозицијата, но и некои експерти претпоставуваа дека ќе има енормно зоглемување, но со напорната работа на раководството на државните електрани го зголемивме прозводството и имаме намалување на цената на струјата, рече премиерот Димитар Ковачевски за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Тој кажа дека намалувањето на цената е во првите два блока, каде што се најголемиот дел од домаќинствата, а благо поскапување има во третиот блок и поскапа струја во четвртиот блок. Тој информира дека за малите компании е намалена цената на електричната енергија за 20 проценти.

-Во наредниот период претпоставувам и работиме да нема зголемување, напротив работиме да има намалување. Минатата година ЕСМ го зголеми производството за 20 проценти. Вчера видовме податок за произведени над 21 илјада мегават часови, што е најголемо производство во последните десет години, рече премиерот Ковачевски.