„ВМРО-ДПМНЕ, како една од првите партии и најгоелма опозициска партија има проблем во пристапот, бидејќи како главен свој конкурент ја гледа Левица. Ај што се гледаат како конкуренти, туку функционираат и како коалиција. Не личи таква конзервативна партија да биде против ЕУ и својата политика да ја базира на национализам“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото гостување на вестите на Канал 5.

Тој додаде дека на земјава ѝ е потребна опозиција што ќе се надмине себеси и ќе зборува за тоа како побрзо да се одвиваат процесите за остварување на целта – полноправно членство во ЕУ.

„Треба да разговараме за тоа како да изгледаат преговарачките тимови, како поефикасно да функционира Собранието. Доста беа блокади.“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека нема да има избори и дека Владата е против референдум, бидејќи има одлука со големо мнозинство од Собранието и веќе започнат процес на преговори со Европската Унија.